Израелската војска синоќа соопшти дека Хамас испукал две ракети земја-земја кон јужен Израел од Појасот Газа, нарушувајќи го повеќемесечното примирје.

Израелската авијација одговори со напад на две воени упоришта на Хамас.

Засега нема информации за последиците од овие два напади, ниту една палестинска вооружена група не ја презеде одговорноста за ракетирањето на јужен Израел, а израелската војска соопшти дека воздушните напади биле изведени за „нарушување“ на вооружената способност на Хамас во иднина да дејствува кон цели на Израел.

Пред два дена, военото крило на Хамас предупреди дека ќе се одмазди ако Израел продолжи да го спроведува планот за анексија на делови од палестинските територии.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/06/2020 11:22