Полициски службеници од Единицата за насилен криминал – Одделение за крвни и сексуални деликти при СВР Скопје, по претходна наредба од Основен кривичен суд Скопје, вчера при извршен претрес во дом и други простории кај М.Д.(38) од Скопје, на ул.„Дижонска“, бил пронајден револвер „Црвена застава“, модел „магнум 357“.

Од МВР денеска информираа дека против М.Д. е поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“, а по дадениот исказ пред ОЈО Скопје, М.Д. бил изведен пред судија на претходна постапка и одредена му е мерка притвор во траење од 30 дена.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/06/2020 14:52