Нема повредени лица во пожарот што избувнал во автомобил претпладе околу 10 часот и 30 минути на автопатот Тетово-Скопје. Поради пожарот изгоре патничко моторно возило марка мерцедес со гостиварски регистарски ознаки.

– Станува збор за возило кое се запалило во движење на автопатот во правец кон Скопје. Возачот и сопатниците успеале да излезат навремено и да се спасат од повреди. Интервениравме со три возила, информираше Ука Алити, командант на тетовската против пожарна единица.

И на почетокот на месецот на 8 јуни имаше пожар во возило исто така мерцедес, што се случи на стариот пат Тетово-Скопје.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/06/2020 15:45