Во Полициската станица Неготино на 27.06.2020 во 01.05 часот од Итната медицинска помош Неготино било пријавено на ул.„Киро Крстев“, во неговиот дом, во бессознание и без траги на насилство бил пронајден М.А.(43), кој за време на транспортот до болница починал.
Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Неготино. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција.