Ако научите како да ја препознаете и да ја ослободите скриената моќ на сопствената потсвест, во својот живот ќе внесете сила, богатство, здравје, среќа и задоволство. Нема потреба моќта да ја стекнувате, неа веќе ја поседувате. Корисно е само да овладеете со начинот на нејзината употреба, да ја сфатите и правилно да ја употребувате во сите оддели на животот.

Ако ги следите техниките и едноставните процеси опишани овде, ќе стекнете неопходни сознанија и сфаќања. Ќе ве вдахнува нова светлина и во вас ќе се роди нова сила со помош на која ќе ги исполните своите желби и ќе ги реализирате своите соништа. Бидете решителни и цврсти, направете го животот позначаен, побогат и похуман. Во длабочината на вашата потсвест се наоѓаат бесконечната мудрост, безграничната моќ, изворот на се што ви е потребно, треба само да ги откриете, да ги развиете и да ги изнесете на виделина. Препознајте ги можностите што лежат во вашиот дух, вдахнете им облик и тие ќе тргнат по светот.

Доколку својот дух го отворите и направите приемчив, бесконечната интелегенција внатре во вашата потсвест ќе ви открие се што сакате да дознаете, во секој момент и на секое место. Ќе ви се родат нови мисли, нови идеји што ќе ве одведат во нови откритија, ќе ве оспособат да создадете нови уметнички и практични дела. Покрај тоа бесконечната интелегенција сместена во потсвеста ќе ви го покаже патот кон наполно нови досега непознати вистини и сознанија. Ќе ви го открие совршенството на изразување и ќе ви го покаже вистинското место во животот.

Со помошта на потсвесната мудрост ќе бидете во состојба да го привлечете идеалниот животен сопатник или деловниот соработник. Ќе го најдете вистинскиот купувач за куќата или за автомобилот, ќе создадете доволно пари и ќе стекнете слобода да бидете, да одите и да го работите она што сакате. Ваше право е да го откриете внатрешниот свет на мислите, чувствата, силата, светлината, љубовта и убавината. Иако невидливи, неговите сили се многу моќни. Во потсвеста се наоѓаат решенија на сите проблеми и причините на сите настани. Со ослободување на скриената моќ ќе овладеете со потребните сили и мудрости што ќе ве однесат во благосостојба, во сигурност, среќа и задоволство.

Чудесната исцелителна моќ на потсвеста е во состојба да го излекува растроениот ум и скршеното срце, да ги скине материјалните и физички синџири од сите видови.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/06/2020 03:55