Ролинг Стоунси го предупредија американскиот претседател Доналд Трамп дека ќе го тужат доколку тој продолжи да користи нивни песни на митинзи за време на кампањата.

Во соопштение на правниот тим на популарниот бенд се вели дека е воспоставена соработка со организацијата БМИ, што се занимава со заштита на авторските права, со цел да се запре неовластената употреба на нивната музика, кави Би-би-си.

БМИ, во име на Стоунси, го известила тимот на Трамп дека употребата на нивните песни без дозвола ќе биде кршење на договорот за лиценца и ќе биде предмет на правна постапка.

Трамп ја искористи песната „You Can’t Always Get What You Want “ за време на неодамнешниот изборен митинг во Тулса, Оклахома. Истата песна ја искористи и за време на кампањата во 2016 година.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/06/2020 11:22