Британскиот премиер Борис Џонсон оваа недела ќе го објави планот за развој на инфраструктурата на земјата по пандемијата на коронавирусот, изјави денеска министерката за внатрешни работи Прити Пател за Скај њуз.
Џонсон во вторник ќе се обрати пред јавноста за да го претстави планот за инфраструктурниот развој во земјата, кој вклучува проекти за изградба на болници, училишта, населби и транспортна инфраструктура.
Како што пренесуваат странските агенции, тој се надева дека со вложување во инфраструктурата по пандемијата може да ја врати поддршката од јавноста.