Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко изјави дека САД и Кина водат сериозна битка за преобликување на светот .

– На политичката карта на светот се појави нова држава – моќна, која можеби и не намерно го предизвика монополот на САД. Таа држава е Кина. Тоа е модерна нуклеарна држава. Тие се прават независно – отидоа во Вселената, имаат најсовремено оружје, истакна Лукашенко.

Тој додаде дека Кина е прва во светот по извоз, а на второ место, веднаш по САД, во производство.

Лукашенко наведе и дека понекогаш има симпатии за американскиот претседател Доналд Трамп, но оти не се согласува со него поради што „војува“ со целиот свет.

Белорускиот претседател наведе и дека протестите во САД по убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд бее само повод, а не причина за немирите.

– Причина е неспособноста на државата да се избори со пандемијата на коронавирусоот, по што 60 милиони луѓе останаа без работа, а првенствено Афроамериканците, потенцира Лукашенко.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/06/2020 10:15