Претставникот на британската монархија во Јамајка, гувернерот Патрик Ален, изјави дека во иднина веќе нема да го користи кралскиот амблем во кој Свети Михаил го убива сатаната, кој таму е прикажан како обоен човек.

Гувернерот Ален изјави дека повеќе нема да ја користи таа етикета на Орденот на Свети Михаил и Свети Ѓорѓија, заради опасност тие да претставуваат навреда за населението на Јамајка, објави Си-Ен-Ен.

Амблемот, кој Ален го објави на веб-страницата на гувернерот на Јамајка, сатаната ја прикажува како човек со темна кожа и како ползи под нозете на бел архангел.

Амблемот неодамна предизвика бранови бес низ Јамајка, пренесува Си-Ен-Ен.

Ален, меѓу другото, објави дека е свесен дека амблемот предизвика бес и ќе престане да го носи заради растечкиот бран на опозиција ширум светот кон употребата на предмети што ја прикажуваат деградацијата на обоените луѓе како нешто нормално.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/06/2020 10:17