Според прелиминарните податоци од вчерашните претседателски избори во Полска, актуелниот шеф на државата Анджеј Дуда освои 41,8 отсто од гласовите, а на второ место е опозиционерот и градоначалник на Варшава, Рафан Тржасковски со освоени 30,4 проценти од гласовите.

Излезноста беше 62,9 отсто, што е највисок одѕив на граѓаните од 1989 година на сите избори.

На претседателските избори учествуваа 11 кандидати, а конечните резултатите треба да бидат објавени в среда. На трето место е новинарот Шимон Холовниа, за кого гласале 13,3 отсто од граѓаните.

На 12 јули ќе се одржи втор круг бидејќи ниту еден од кандидатите не освои повеќе од 50 проценти од гласовите. Во вториот круг ќе учествуваат двата кандидати со освоени најголем број гласови односно Дуда и Тржасковски.

Претседателските избори во Полска првично требаше да бидат одржани на 10 мај, но беа откажани поради пандемијата со Коивд-19.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/06/2020 10:28