Најмалку 12 лица загинале, а други 10 се водат за исчезнати по поројните дождови во провинцијата Сечуан, во југозападна Кина, пренесе агенцијата Ксинхуа.

Агенцијата јавува дека дождот, што во петопкот и саботата се излеа над округот Мианинг, предизвикал поплави од кои починале 10 души, а седум други се водат за исчезнати.

Во регионот на Гаојан, пак, два автомобила паднале во реката заради оштетувања од поплавените патишта, при што две лица загинале, а уште тројца се водат за исчезнати.

Евакуирани се приближно 10.000 локални жители од регионот на природната катастрофа.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/06/2020 10:35