На покраинските избори во австриската покраина Штаерска, што се одржаа вчера, први во периодот на корона-кризата, победи Народната партија на Австрија (ОВП) на канцеларот Себастијан Курц, втора е Социјалдемократската партија (СПО), додека Слободарската партија (ФПО) доживеа дебакл.
На изборите излегоа 62,6 отсто од гласачите, околу десет проценти помалку отколку во 2015 година, од кои 47,2 отсто и дадоа доверба на ОВП.
На второ место е СПО, која освои 31,9 проценти од гласовите, ФПО освои 8,2 проценти од гласовите, а четврта сила во покраината е Партијата на зелените, на која и веруваат 4,7 проценти од Штаерците.
ОВП победи во сите 285 општини во Штаерска, а во некои општини, како Маријацел, успеа да ја „преземе“ власта од СПО, како и, што важи за сензација, во железничкиот град Селктал. Исто така, во Ајзенерц, каде СПО отсекогаш владеела и каде Комунистичката партија (КПО) отсекогаш имала добар резултат, ОВП успеа да ја преземе власта.