Најмалку 29 патници загинаа откако се преврти и потона ферибот во реката Буриганга во близина на главниот град на Бангладеш, Дака.

Два часа по потонувањето на фериботот пронајдени се 15 беживотни тела во реката Буриганга, а од потонатиот брод извлечени се уште 14 тела.

Нуркачи на бангладешката воена морнарица, пожарникари и припадници на цивилната заштита гоистражуваат речното корито.

Фериботот се преврти откако утрово се судри со друг ферибот и потона за околу 10 секунди.

Од 10 до 15 патници успеале да допливаат до брегот.

Бродските несреќи се чести во Бангладеш, земја со голем број реки. Експертите предупредуваат дека несреќите се случуваат поради непочитување на безбедносните мерки за пловидба.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/06/2020 13:11