Филипинската крајбрежна стража ја продолжи потрагата по 14 луѓе кои се водат како исчезнати, откако вчера се судрија товарен и рибарски брод во близина на градот Мамбурао.

Засега не е познато дали рибарскиот брод потонал и дали потрагата за неговиот 12-член екипаж и двајца патника ја спречуваат силните бранови. Не е позната ниту причината за судирот.

Во денешната потрага се вклучени еден лесен авион на крајбрежната стража и еден хеликоптер.

Во моментот на судирот, рибарскиот брод се движел кон градското подрачје на Манила, додека товарниот брод, кој пловел под знамето на Хонгконг и не превезувал товар, се движел кон Австралија.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/06/2020 14:00