Турската крајбрежна стража денеска спаси 35 мигранти, откако нивниот брод почна да тоне во Егејското Море, а во тек е операција за пребарување по четири исчезнати лица, јави ДПА:
Бродови, нуркачи и хеликоптер се распоредени во областа, на околу 1,6 километри оддалеченост од турскиот егејски остров Циплак, ненаселена локација позната и како остров Барен, се прецизира во соопштението на крајбрежната стража.
Некои од спасените, наводно рекле дека биле вратени во турските територијални води од грчката крајбрежна стража, според соопштението. Тие тврделе дека грчкото обезбедување го турнало нивниот брод и им го одземале горивото, пренесува ДПА.
Турските власти не соопштија од која националност се спасените мигранти.