Десет лица загинаа, а 15 се повредени во експлозија на пазар за животни во провинцијата Гилменд во јужниот дел на Авганистан, јави РИА Новости.

Како што е наведено, во реонот, контролиран од Талибанците, експлодирала импровизирана експлозивна направа.

Портпаролот на Талибанците, Забиула Муџахид негира дека била активирана бомба. Тој ги обвини војниците дека го гранатирале пазарот со минофрлачи, при што загинале неколку цивили.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/06/2020 14:53