Поради поплавите предизвикани од монсунските дождови повеќе од еден милион луѓе беа принудени да ги напуштат домовите во идниската североисточна сојузна државата Асам, а две лица загинаа.

Брамапутра, една од најголемите реки во светот за време на викендот се излеа во државата Асам и поплави повеќе од 2.000 села, а дождот и понатаму врне.

Најмалку 23 од вкупно 33 окрузи во индиската сојузна држава Асам се погодени од обилните дождови, а нивото на реката Брамапутре продолжува да расте, а метеоролозите предвидуваат обилни дождови и во следните три дена.

Ширум Асам распоредени се спасувачки екипи кои се задолжени да се почитуваат мерките за физичка дистанца во засолништата, со цел да се спречи ширење на новиот коронавирус.

Во Асам од почетокот на пандемијата регистрирани се 7.492 инфицирани лица и 11 смртни случаи.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/06/2020 15:22