Кинеската војска доби дозвола да користи вакцина против коронавирус која е развиена од кинески истражувачи и лабораторијата КенСино Биолоџикс, откако со клиничко тестирање е докажано дека е безбедна и релативно ефикасна.

Станува збор за Ad5-nCoV, еден од осумте кинески кандидати за вакцина, за која е дозволено тестирање врз луѓе во земјата и странство.

Таа вакцина доби одобрување за тестирање и врз луѓе во Канада.

Кинеската Централна воена комисија одобри, според соопштението на КенСино Биолоџикс, употреба на таа вакцина во војската за период од една година.

Кина неодамна им понуди две вакцини на вработените во државните претпријатија, кои патуваат во странство.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/06/2020 15:46