Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе предлози за издавање казнени налози против 16 лица за непочитување на здравствените прописи во главниот град.

-Од нив, 15 не постапиле согласно Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија, односно за време на полицискиот час се движеле без да поседуваат дозвола за тоа. Еден од обвинетите, пак, не го почитувал издаденото решение за задолжителна самоизолација, соопшти Јавното обвинителство.

Јавните обвинители за секој од обвинетите предложија парични казни од по 100 дневни глоби, при што вредноста на една дневна глоба да биде одредена на 20 евра во денарска противвредност.​



Автор: Администратор
Објавено на: 29/06/2020 15:54