Европскиот комитет за социјални права (ЕЦСР) утврди прекршување на правото на еднаква плата и еднакви можности на работното место во 14 од 15 земји што ја применуваат процедурата на колективни жалби, протокол на Европската социјална повелба, соопшти денеска тоа тело на Советот на Европа.

Европскиот комитет за социјални права констатира дека на правото на еднаква плата и еднакви можности на работното место се прекршува во Белгија, Бугарија, Хрватска, Кипар, Чешка, Финска, Франција, Грција , Ирска, Италија, Холандија, Норвешка, Португалија и Словенија, односно се почитува само во Шведска.

– Родова разлика во платите е неприфатлива во современите општества, но сепак е една од главните пречки за вистинската еднаквост. Европските влади треба итно да ги зајакнат напорите за да обезбедат еднакви можности на работните места. Повеќе земји треба да ја користат и Социјалната повелба на Советот на Европа како едно средство за постигнување на оваа цел, изјави генералната секретарка на Советот на Европа, Марија Пејчиновиќ Буриќ.

Забелешките за прекршување на Повелбата ги поднесе меѓународната невладина организација Јуниверзити Вомен оф Јуроп (University Women of Europe).



Автор: Администратор
Објавено на: 29/06/2020 16:50