Швајцарскиот Парламент во летната сесија се соочува со рекорден број од 807 поставени пратенички прашања.
Пратениците не можат само да држат говори и да гласаат за законите, туку можат да напишат и прашања, или да побараат извештаи на кои надлежните мора да дадат одговор.
Можноста за поставување прашања пратениците масовно ја користеа на вонредната седница во мај и летната сесија.
– Бројот на пратенички прашања расте секоја година. Уште во 2004 година, во просек имавме 187 прашања по сесија, објасни Урс Брудерер за швајцарскиот весник „Блик“.
Огромниот број пратениќки прашања веќе беа тема на собраниска седница, затоа што нивната обработка со себе носи многу работа за државните службеници.
Во просек, одговор на пратеничко прашање чини 6.120 швајцарски франци, беше проценето пред 13 години, и тоа во одговор на едно пратеничко прашање. Имајќи ги предвид овие бројки, сегашниот рекорден број прашања државата ќе ја чинат повеќе милиони франци.