Десничарскиот екстремизам во моментов е најголемата закана за германската безбедност“, тврдат раководителите на трите најважни безбедносни служби во Германија кои им укажаа за безбедносната состојба во земјата на членовите на германскиот Парламент, јави Дојче веле на англиски јазик.

Шефот на германската агенција за надворешно разузнавање (БНД), Бруно Кал, изјави дека „пандемијата на коронавирусот е стрес-тест за политичарите и предупреди дека авторитарните режими ќе ја искористат здравствената криза за зајакнување на нивната моќ и влијание“.

Шефот на воената служба за разузнавање посочи „дека постои зголемена подготвеност за употреба на насилство, како меѓу крајната десница, така и од левицата“. Според него, „екстремно десничарскиот екстремизам и екстремно десничарскиот тероризам претставуваат најголема опасност за Германија во моментот“.

Според германскиот закон, шефовите на разузнавачките и безбедносните служби се должни еднаш годишно да достават извештај за нивната работа до парламентарна комисија за безбедносната состојба во земјата.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/06/2020 22:46