Пандемијата на Ковид-19 не е ни близу до тоа дека е завршена, изјави денеска директорот на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус на брифинг во Женева.
– Сите ние сакаме да заврши. Сите сакаме да продолжиме со нашите животи, изјави Тедрос.
Според него, суровата реалност е што „ова не е ни близу до крајот“.
– Иако многу земји постигнаа напредок на глобално ниво, пандемијата всушност се забрзува, рече Гебрејесус.
СЗО оваа недела планира да свика состанок за да го процени напредокот во истражувањето за борба против болеста.