Во Полициското одделение Велушина вчера во 10:56 часот Б.Б.(40) од село Меџитлија пријавил дека на влезот на гробиштата во село Меџитлија, при изведување земјоделски работи, пронашол неексплодирана граната.
Од полициски службеници било излезено на местото на настанот, соопштија денеска од МВР, а од страна на пиротехничар од ДЗС била подигната артилериска граната 75 милиметри од Првата светска војна.