Американскиот државен секретар Мајк Помпео оствари видео-средба со главниот преговарач на талибанците, Мула Абдул Гани Берада.

Како што пренесуваат странските агенции, Помпео апелирал талибанците да го намалат насилството во Авганистан и да продолжат да преговараат за начините за унапредување на мировниот договор што САД го потпишаа со нив.

Вчера 23 лица загинаа во експлозија на бомба на прометен пазар во провинцијата Хелманд, упориште на талибанското движење во јужен Авганистан.

Владата во Кабул ги обвини талибанците за нападот, кои негираат вмешаност.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/06/2020 13:17