Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, претседателот на Србија, Александар Вучиќ и премиерот на Словенија, Јанез Јанша ќе учествуваат во среда на „троен“ видео-самит, пренесува унгарската агенција МТИ.
Разговорот на тројцата лидери во живо ќе биде емитувана на фејсбук-страницата на Орбан, објави Фидес, партијата на премиерот на Унгарија.
Тема на разговорот ќе биде „Европа без цензура“, односно, како што тоа го формулира Каталина Новак, висок раководител во Фидес, што лидерите кои освоиле надмоќно парламентарно мнозинство во своите земји навистина мислат за Европа.