Тим научници од Универзитетот Вирџинија Тех, објавија труд во кој го објаснуваат начинот на којшто летечката змија (Chrysopelea paradisi) се движи низ воздухот, преминувајќи од едно дрво на друго, и тоа прилично големо растојание.

Летечката змија живее во Јужна и Југоисточна Азија. Новите сознанија говорат дека таа се движи со „лизгање“ низ воздухот. Ајзек Џетон, предводникот на научниот тим вклучен во истражувањето, за Си Ен Ен објаснува дека овие змии прават брановидно движење додека се движат низ воздухот, слично и како кога се движат на копно. Тој верува дека тоа брановидно движење спречува змијата да се преврти и да падне пред да стигне до целта.

Првата, експериментална фаза се одвивала во лабораторија. Во следната фаза, истражувачите ќе набљудуваат како змиите скокаат од дрво на дрво и како „летаат“ во реални услови, нагласи Џетон.

Истражувањето е објавено во списанието „Нејчр физикс“.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/07/2020 15:13