Во пожар за отпад за стари возила на излезот од Струмица кон селото Градско Балдовци изгореа повеќе возила, а со брза интервенција на струмичките пожарникари не е дозволено пожарот да се прошири.

Според Александар Гудев, командир на Територијалната против пожарна единица, пожарот бил пријавен околу 11:20 часот. Веднаш било реагирано и не е дозволено пожарот да зафати други делови од отпадот.

Утрово струмичките пожарникари интервенирале и во гаснење на запалена трева кај селото Дабиле.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/07/2020 13:12