Владата на Република Македонија демантира дека нивно возило утрово е опожарено на паркинг простор на ул.„Кеј Димитар Влахов“.

Претходно, МВР соопшти дека на улица „Димитар Влахов“ утрово во 02:30 часот во СВР – Скопје било пријавено дека на паркинг простор на ул.„Кеј Димитар Влахов“, настанал пожар, при што била опожарена сува трева и заден дел на паркирано патничко возило „ауди 4“, без регистарски ознаки, сопственост на Владата на Република Северна Македонија.

-Според информациите на Службата за општи и заеднички работи во Владата на Република Северна Македонија, возилото за кое се пишува во вашиот текст дека е опожарено не е во сопственост на Владата на Република Северна Македонија, велат од Канцеларија на владиниот портпарол.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/07/2020 23:16