А.Г.(31) од Гевгелија вчера во 14:30 часот е лишена од слобода на базен во Гевгелија, бидејќи не се придржувала на одлуката на Владата и решението за самоизолација од Државен санитарен и здравствен инспекторат и е спроведена во државен карантин.

Како што информира МВР, по комплетирање на случајот, за А.Г. ќе биде изготвен поднесок за сторено кривично дело казниво по чл.205 и чл.206 од Кривичниот законик.

За настанот е известен јавен обвинител.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/07/2020 13:18