Доделувањето на наградите САГ на Американската федерација на ТВ и радиоуметници, е одложено од 24 јануари на 24 март 2021 година поради пандемијата на коронавирусот.
Освен тоа, организаторите на доделувањето на овие награди од областа на киното и телевизијата, исто така, го поместуваат и гласањето за нив. Сега тоа ќе трае од 11 јануари до 1 февруари. Номинациите ќе бидат објавени на 4 февруари.
САГ наградите се само една од низата свечености одложени поради корона-пандемијата, по Оскарите, БАФТА, Ем-ти-ви наградите и повеќе други доделувања и фестивали.
Оскарите за 2021 година беа поместени од 28 февруари на 25 април. Филмските награди БАФТА пак, ќе бидат доделени на 11 април.