Поголема група мигранти била забележана во грчкиот град Поликастро во близина на границата со Македонија, пишува солунскиот информативен портал „Вориа” и објавува видео од групата како се движи паралелно со железничката пруга, јави дописничката на МИА од Атина.

Порталот додава дека постојат случаи и кога мигрантите поставуваат шатори во близина на границата, чекајќи можност за нелегално да излезат од Грција.

Градоначалникот на општина Пеаниа Костас Сионидис за „Вориа” потврдува дека постои раздвиженост и вели дека ситуацијата потсетува на онаа од 2015.

-Постои континуиран, зголемен бран луѓе кон Идомени. Се плашиме дека актуелните околности може да доведат до ситуација слична на онаа од 2015, вели градоначалникот на Пеониа Костас Сионидис.

Според информациите на дописничката на МИА од Атина, не станува збор за нова појава, туку периодично во близина на нашата граница, се забележуваат помали групи мигранти или поединци, во обид да изнајдат начин нелегално да излезат од Грција.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/07/2020 16:39