На 02.07.2020 Секторот за внатрешни работи Скопје-Единицата за насилен криминал, до надлежното Основно јавно обвинителство-Скопје поднесе кривична пријава против П.Р. (33) од Охрид и М.А. (31) од Скопје, поради постоење основи на сомнение дека на 29.06.2020 поради наводен долг од 4.000 евра, врз В.П.(65) од Скопје, извршиле кривично дело „Самовластие“ казниво по член 392 од КЗ.
На кривично правниот настан претходеле должничко доверителски проблеми, така што оштетениот од пријавените зел 4.000 евра, за што залог требало да биде неговиот стан. Бидејќи оштетениот не го ставил станот како залог, а и ги немал паричните средства кои ги должел, на 29.06.2020 околу 10.00 часот, во близина на зградата каде што живее во насеба Автокоманда, бил пресретнат од пријавените и со возило бил однесен во паркот Гази Баба, каде околу час и половина бил психичи и физички малтретиран, по што заминале во домот на оштетениот, каде пријавените продолжиле физички да го малтретираат и му се заканиле по неговиот и животите на членовите од негово семејство. По настанот на оштетениот во ГОБ „Св. Наум Охридски“, од доктор му биле констатирани повреди.
Веднаш по пријавувањето на кривично правниот настан М.А. сам се пријавил во полициска станица, додека за П.Р. е распишана централна потерница.