Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против В.Ѓ. (32) од Кочани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.

Како што соопшти МВР, на 28.04.2020 пријавениот влегол во маркет каде од вработената му било укажано дека треба да носи заштитна маска. Тој почнал да ѝ упатува закани, а кога другиот вработен В.С. му рекол да го напушти маркетот, В.Ѓ. физички го нападнал, користејќи и тврд предмет.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/07/2020 22:02