Во СВР Скопје вчера околу 21:45 часот било пријавено дека во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ бил донесен повреден Ш.П.(29) од с.Батинци, скопско, со повреди од нож, кој за кратко време починал.

Во меѓувреме донесен бил и Н.С.(28) од с.Батинци исто така со повреди, а со возило од итна медицинска помош во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ пренесени се М.С.(39) од с.Батинци кој бил повреден од огнено оружје, и И.Г.(25) од с.Батинци кој бил повреден со нож.

Според првични информации, во двор на угостителски објект во с.Батинци, сопственост на Р.Џ.(27) од село Црн Врв најпрво дошло до нарушување на јавниот ред и мир, а потоа било употребено огнено оружје и нож.

Постои основано сомнение дека можен сторител е Н.З. од с.Батинци кој е во бегство и по кого се трага.

На местото на настанот била пронајдена една чаура и два неиспукани проектили. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/07/2020 01:48