Основното јавно обвинителство Скопје до надлежниот суд поднесе Обвинителен акт против 38-годишен скопјанец за неовластено држење оружје, откако при претрес во неговиот дом на 26 јуни годинава е пронајден револвер и муниција.

– Во домот на обвинетиот на улица „Дижонска“ во Скопје, на 26 јуни 2020 година, при вршење на претрес пронајдено е оружје – револвер Застава, калибар 357 Магнум и шест куршуми. Огненото оружје, кое обвинетиот неовластено го држел, е одземено од овластените службени лица, стои во соопштението од ОЈО.

Со поднесување на Обвинителниот акт, јавниот обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје достави и предлог за продолжување на мерката притвор за обвинетиот, поради опасност од бегство и можност тој да го повтори делото.

Осомничениот се товари дека сторил кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 1 од Кривичниот законик.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/07/2020 13:39