Жител на село Дорфулија, во Општина Лозово, Светиниколско, загинал вчера од удар од гром додека го напасувал стадото овци.

Како што информираат од МВР, несреќата била пријавена синоќа во 20 часот, а се случила на место викано „Дорфулиски ливади“, кога 46-годишниот Т.Ш. од село Дорфулија, го удрил гром, додека напасувал стадото при што починал на самото местото.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/07/2020 16:11