Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција одговарајќи на новинарско прашање околу заминувањето на двајца анестезиолози од Болницата „8ми Септември“, со што остануваат 11 на број, рече дека од среда во таа болница на помош ќе одат двајца колеги од КАРИЛ.

– Изминатиот период имаше огромен интерес за премин на доктори, медициснки сестри од приватното во јавното здравство. Во рамките на тоа двајца анестезиолози дојдоа од приватни болници во болницата „8ми Септември“. Еден анестезиолог сака да се врати назад, од тие коишто преминаа од приватните болници и една најавила дека ќе даде отказ од работното место и уште една докторка којашто работи во болницата „8ми Септември“ повеќе години. Во таа смисла значи нема да има недостиг од вкупниот број, но минатата недела интензивно разговаравме за замена и помош на колегите анестезиолози и двајца колеги од Клиниката за анестезија и реанимација од среда ќе одат како помош, дополнување на работата на колегите во болницата „8ми Септември“ за да се направи распоред да не трпи и оперативниот програм на хируршките клиники, образложи Филипче.

Министерот, рече дека засега нема потреба конкретно за анестезиолизите, посочувајќи дека има меѓу три и десет пацинети на респираторна машина, точно дека тоа е една од најтешките состојби којашто бара максимален ангажман меѓутоа тука се колегите од КАРИЛ.

– Имаше повеќе колеги кои се пријавија да помогнат, тоа секојдневно се одвива по систем на комуникација и на Клиниката за инфективни болести, тука е физички поблиску па практично има колеги коишто одат на консултативни состаноци за третман на пацинетите. Не се само анестезиолозите, оние коишто се вклучени во овој систем на ротација, консултација и надгледување на пацинетите, колегите интернисти, посебно пулмолизите, се вклучија колегите од Институтот за туберколоза во рамките на Клиничкиот центар на Инфективната клиника и во болницата „8ми Септември“, наведе министерот за здравство.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/07/2020 17:03