Основното јавно обвинителство Скопје поднесе предлог за издавање казнен налог против вкупно 12 лица за кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“ од член 206 став 1 од Кривичниот законик.
Обвинетите, како што соопшти ЈО, не постапиле според прописите и наредбите со кои се определуваат мерки за сузбивање и спречување на ширењето на заразната болест КОВИД-19. Тие не ја почитувале одлуката на Владата за забрана на групирање на повеќе од пет лица на јавни површини.
Надлежниот јавен обвинител предложи на секој од обвинетите да му биде изречена парична казна од по 100 дневни глоби, при што висината на една дневна глоба да биде определена на 20 евра во денарска противвредност.