Извршниот директор на Светската здравствена организација Мајк Рајан му посака брзо закрепнување на бразилскиот претседател Жаир Болсонар, кој денеска соопшти дека е позитивен за коронаваирусот, и истакнаа дека неговата инфекција треба да послужи како пример за другите.
-Му посакуваме брзо и целосно закрепнување од оваа болест. Мислам дека пораката е за сите нас: сите сме ранливи на вирусот, рече Рајан.
Слична изјава даде и регионалниот директор на СЗО, Кариса Етиен, во разговор со директорите на Пан-американската здравствена организација, пренесува Би-Би-Си.
-Пораката е дека вирусот е непредвидлив и не ја познава расата, класата или луѓето што се на власт, и покрај мерките за безбедност околу претседателот, рече таа.