Унгарскиот Парламент усвои закон за постепено воведување на 13-та пензија. Според законот, во 2021 година пензионерите ќе добијат 25 проценти од една пензија плус, во 2022 ќе добијат половина пензија, во 2023 ќе примат 75 проценти, а во 2024 година – цела 13-та пензија.

Предвидено е во секоја следна година, секој јануари, пензионерите да добиваат по две пензии. Се работи за мерка која била на сила до 2009 година, кога била укината.

Премиерот Виктор Орбан најави дека економијата на земјата е во доволно добра состојба да може да се врати 13-тата пензија. Анкетите покажуваат дека јавноста во голема мерка ја поддржува идејата на ваков начин да се подобри стандардот на пензионерите.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/07/2020 02:21