Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто информираше дека компаниите ќе можат да почнат да аплицираат за помош во износ до 800.000 евра.
Се работи за програма за помош на компаниите погодени од корона вирусот која Унгарија ја договори со Европската Унија.
Компаниите кои подготвуваат да направат поголеми инвестиции, во износ до 1,6 милиони евра, можат да аплицираат за помош која ќе покрие половина од инвестицијата.
Апликациите ќе се примаат од следната недела.