Најмалку девет лица се затрупани во свлечишта во кинеската провинција Хубеи, откако најобилните дождови во изминатите децении предизвикаа поплави во кои загинаа повеќе од 100 луѓе.
Свлечиштето има и во областа Хуангами, а во тек е операција за спасување.
Од 1 јуни, количината на врнежи во одредени региони во провинциите Хубеи, Анхуи, Џеијанг и Чонгкинг достигна највисоко ниво за овој период од годината од 1961 година, а во некои области падна два до три пати повеќе дожд од вообичаеното.