Универзитетите Харвард и МИТ ја тужат администрацијата во Вашингтон пред Федерален суд со барање да се блокираат упатствата со кои странските студенти во САД се лишуваат од виза ако курсевите ги следат онлајн.умина сметаат дека упатствата, издадени од американската служба за имиграција во понеделникот, се притисок за отварање на универзитетите и покрај растечката загриженост од ширењето на Ковид-19 кај младите луѓе во изминатиот период.

Новите насоки дојдоа истовремено кога Харвард објави дека планира предавањата да ги оддржува на далечина, додека многу други унверзитети планираат хибридна настава со сосема малку физичко присуство, но главно онлајн.

Од Харвард, упатствата ги нарекоа „сурови“ и „непромислени“, и дека се смислени за притисок врз универзитетите да држат физичка настава „без обзир на загриженоста за здравјето на студентите, професорите и останатите“.

Оттаму велат дека ова ќе спречи 5.000 студенти од Харвард и стотици илјади од останати универзитети низ земјата да останат во САД.

Во тужбата се налага судот да издаде привремена судска забрана за спречување властите да ја стават во сила уредбата затоа што таа ги прекршува админитративните процедурални акти.

Мерката оспорена од универзитетите се однесува на визите Ф1 (за академски курсеви) и М1 (за стручно оспособување).



Автор: Администратор
Објавено на: 08/07/2020 22:30