Во експлозија на нафтеното поле Гбетиокун, во јужниот дел на Нигерија, при поставување скеле на платформата, загинале седум лица, соопшти денеска државната нафтена компанија.

Во тек е детална истрага околу причините за експлозијата, а Одделот за нафтени ресурси е уредно информиран, наведе Нигериската национална нафтена корпорација во соопштението за инцидентот.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/07/2020 23:36