Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро кој се зарази со новиот коронавирус, објави денеска на својот Фејсбук профил дека прима терапија со хидроксихлорокин.

– За сите кои ја критикуваат и се против терапијата со хидроксихлорокин, а не нудат алтернатива, жалам, но јас го примам овој лек и се чувствувам добро и со Божја помош ќе продолжам да живеам уште долго по коронавирусот, објави Болсонаро.

Тој објави видео снимка, на која ја прима својата трета доза на хидроксихлорокин, лек кој го промовираше и американскиот претседател Доналд Трамп, но чија ефикасност во лекувањето на заболените од Ковид-19 не е докажана.

Во Бразил досега се потврдени повеќе од 1,5 милиони случаи на заразени со коронавирус и над 65.000 починати лица.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/07/2020 23:49