Австралија го суспендира договорот за екстрадиција со Хонг Конг и ги продолжи визите за неговите граѓани како одговор на воведувањето на кинескиот закон за национална безбедност во Хонг Конг, изјави австралискиот премиер Скот Морисон.

Тој најави дека визите ќе бидат продолжени од две на пет години, како и другите форми на дозволи за постојан престој.

– Нашата влада, како и другите, постојано изразува загриженост за воведувањето на законот за национална безбедност во Хонг Конг. Тој закон содржи фундаментална промена на околностите кога станува збор за нашиот договор за екстрадиција со Хонг Конг, рече Морисон.

Велика Британија исто така ги продолжи дозволите за право на престој на три милиони граѓани на Хонг Конг, дозволувајќи им да живеат и да работат во Британија пет години.

Канада го суспендира договорот за екстрадиција со Хонг Конг и бара други опции, вклучувајќи и миграција.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/07/2020 12:15