Победата на Џо Бајден на претседателските избори во САД не значи дека Европа може да смета на Америка во областа на безбедноста, како што беше, предупреди германската министерка за одбрана Анегрет Крамп-Каренбауер.

Во интервју, Крамп-Каренбауер вели дека САД ќе останат фокусирани на Кина, дури и ако кандидатот на демократите го победи Доналд Трамп во ноември, што значи дека Европа треба да продолжи да ја развива својата надворешна и безбедносна политика.

– Дури и ако победи Џо Бајден, што би значело дека сигурно ќе работиме поинаку, не смееме да заборавиме дека има некои погледи што ги споделуваат голем дел од американската политичка елита, на пример за Кина или за Русија, каде ќе го споменам Северен поток 2, рече Крамп -Каренбауер.

Според неа, коментарите на Бајден досега покажуваат дека економското и геополитичкото ривалство меѓу САД и Кина ќе продолжи ако тој стане претседател.

Таа смета дека за време на германското претседателство со ЕУ, ќе се работи на предлог за да им се овозможи на земјите што не се членки на ЕУ да учествуваат во европски воени проекти.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/07/2020 13:47