Воз што сообраќал на релација Скопје – Кичево, вчера удрил во едно лице на железничката пруга Скопје Север – Ѓорче Петров, после надвозникот во Визбегово. Лицето било пренесено во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.

Како што соопшти денеска МВР, случајот бил пријавен во полиција вчера во 17 часот.

Железничкиот сообраќај на тој дел од пругата бил во прекин од 17:00 до 19:35 часот.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/07/2020 13:49