Според последните податоци, во светот досега се регистрирани 12.259,485 лица заразени со новиот коронавирус. Од нив починале 554,072, а оздравеле 7.127,591лица.

– Хрватскиот министер за здравство Вили Берош денеска изјави дека со 81 случај на зараза на 100 илјади жители, Хрватска и натаму е во најповолна епидемиолошка ситуација во Европа. Тој вели дека земјата покажува дека е можно релативно нормално да се живее со коронавирусот, со отворени граници и обновени економски активности. Во изминатите 24 часа во Хрватска се регистрирани 91 нов случај на коронавиру и вкупната бројка сега изнесува 3.416 од кои 978 активни случаи.

– Пандемијата на коронавирус во Африка достигнува „целосна брзина“ и треба да се подготвиме за најлошото сценарио, предупреди денеска шефот на африканскиот центар за контрола и превенција на болести, Џон Нкенсгасонг. Бројот на заразени надмина половина милион, а повеќе од 12.000 луѓе починаа. Со мали можности за тестирање, се стравува дека вистинскиот број на заразени е далеку поголем.

– Од денеска Бугарија повторно воведува некои од построгите мерки во борбата против коронавирусот, како што е забрана на публиката на натпревари и забрана за работа на ноќни клубови.

– Во последните 24 часа, регистрирани се 110 новозаразени лица и три починати лица од коронавирусот во Федерацијата БиХ. Од вкупно 72 потврдени смртни случаи во ФБиХ, 46 биле машки (63,89 проценти) и 26 жени (36,11 проценти). Во однос на возрасната структура, 50 починати пациенти (69,44 проценти) биле постари од 65 години, соопшти Федералниот институт за јавно здравје.

– Во Индонезија, во последните 24 часа е дијагностициран коронавирус кај уште 2.657 лица, што е рекордно зголемување на бројот на нови случаи во земјата од почетокот на пандемијата. Вкупниот број на заразени во Индонезија изнесува 70.736 лица. Како резултат на Ковид-19 во Индонезија, во текот на вчерашниот ден починаа 58 лица, со што вкупниот број на смртни случаи од оваа болест достигна на 3.417, соопшти Министерството за здравство на земјата.

– Во Србија во последните 24 часа се потврдени нови 266 случаи на коронавирусот, а 11 лица починаа, со што вкупниот број на смртни случаи достигна 352.

– Во Велика Британија денеска се регистрирани нови 85 смртни случаи, со што бројот на починати достигна 44.602 лица. Регистрирани се нови 642 случаи или вкупно досега 287.621 случај.

– Во Албанија расте бројот на новозаразени лица од Ковид – 19, како и на оздравени но,според Министертвото за здравство и социјална заштита загрижува се поголемиот број на хоспитализирани лица. Во последното деноноќие од направените 401 тест, позитивен резултат е добиен кај 82 лица, додека во списокот на излекувани се впишани 41. Посебно загрижува податокот дека се зголемува бројот на оние кои се хоспитализирани во Инфективната клиника,кој моментно изнесува 84,од нив 11 се на интензивна терапија, додека шестммина се во тешка состојба, стои во соопштението на Министертвото. Од почетокот на пандемијата направени се 31.093 тестови, позитивни на Ковид-19 се 3.188, излекувани 1.832,починале 83, активни на болеста се 1.273 лица.

– Во изминатите 24 часа на Кипар се регистрирани два нови случаја на Ковид-19 од направени 1.159 тестови, а вкупниот број на заразени се зголеми на 1.010 лица.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/07/2020 23:23